fbpx

„Рекет“ се проширува со уште четири лица и „Меѓународен сојуз“ на Боки 13

-

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска почна истражна постапка против пет лица и едно правно лице за измама. Всушност, станува збор за Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, односно за него како претседател и други лица од Сојузот, но и еден функционер, кои се товарат за измама, перење пари и помагање во овие дела.

Врз основа на предистражната постапка, обвинителот што раководи со постапката, утврдил дека во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Обвинителството соопшти дека осомничениот е веќе во притвор.

„Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација. Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“, велат од обвинителството.

Обвинителот што работи на случајот во текот на денот ќе побара притвор за едно лице и мерки на претпазливост за другите лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...