Економија „ОДВ Електрик“ до крајот на годинава ќе вработи 150 лица

„ОДВ Електрик“ до крајот на годинава ќе вработи 150 лица

Германската компанија за производство на кабли за автомобилска индустрија „ОДВ Електрик“, етапно ќе вработи 1.000 лица, а до крајот на годината ќе бидат вработени 150 лица.

Инвестицијата чини 15 милиони евра, а договорот со Владата беше потпишан денеска.

„ОДВ Електрик“ веќе постои на македонскиот пазар и во Охрид има вработено повеќе од 130 лица.