Македонија Одрон и поплава го затворија регионалниот пат Росоман- Прилеп

Одрон и поплава го затворија регионалниот пат Росоман- Прилеп

Фото: Центар за управување со кризи

Регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај месноста викана „Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот, информираат од АМСМ, а од Центарот за управување со кризи велат дека од утрово изведувачот на новиот пат работи со механизација за расчистување на патот.

Причина за одроните се интензивните врнежи од дожд во последните неколку денови, заради кои дел од патот е целосно поплавен и непрооден.