Главна секција Одлуката за распишување на референдум по координацијата на Џафери

Одлуката за распишување на референдум по координацијата на Џафери

Одлуката, дали денеска ќе биде распишан референдумот за името, ќе се знае по редовната понеделничка координација на претседателот на Собранието, Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи.

Нема официјални информации дали има некаков договор меѓу власта и опозицијата, особено за референдумското прашање, а според неофицијалните информации се е оставено на договор на лидерите на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Премиерот Заев и други владини функционери изминатите денови најавија дека референдумот би можело да се одржи на 30 септември, но и дека без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи или не, тој ќе биде распишан и ќе се одржи.

Дел од медиумите вчера објавија дека во одлуката ќе биде содржано референдумското прашање онака како што неодамна го објави премиерот Заев: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?.