Македонија Одложено судењето на Канческа-Милевска против Шилегов, судијата бил на обука

Одложено судењето на Канческа-Милевска против Шилегов, судијата бил на обука

Суд

Судското рочиште за тужбата на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска повторно, тртпат, беше одложено, поради тоа што судијата бил на обука.

На рочиштето дојде само Шилегов, а следното соочување во Основниот суд Скопје 1 е закажано за 21 јануари наредната година.

Министерката за култура го тужи портпаролот на СДСМ за клевета, затоа што тој на прес-конференција изјави дека објектот „Стар театар“, за кој првично беше најавено дека ќе чини шест милиони евра, заедно со сите анекс-договори граѓаните ги чини 39 милиони евра.