Македонија Одложено рочиштето за „Поткуп“, Заев бил во Сараево

Одложено рочиштето за „Поткуп“, Заев бил во Сараево

Рочиштето за случајот „Поткуп“, кој се води против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше повторно одложено затоа што Заев не се појави во судницата.

Според образложението на одбраната, Заев бил во Сараево да прими награда за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа.

Судијката Дијана Груевска-Илиевска го презакажа рочиштето за 3 април.

Адвокатот на Заев, Јаким Наумов, во изјава за новинарите истакна дека не е изземен обвинителот Златко Биковски од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Денеска во судницата повторно беше присутен обвинителот Владимир Милошевски, кому во меѓувреме му го продолжиле мандатот за нови шест месеци, што според одбраната, претставува преседан.

На рочиштето не се појави ни сведокот, бизнисменот Иван Николов, од кого, според обвинението, Заев како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.