Македонија Одбележување на Денот на Власите, колонија и дебата во кампот пред Владата

Одбележување на Денот на Власите, колонија и дебата во кампот пред Владата

Во „Кампот на слободата“ пред Владата, за денеска се предвидени повеќе активности.

По повод Денот на Власите, ќе се пушта влашка музика, а свое обраќање ќе имаат Никола Бабовски и Ратко Стефановски од Демократскиот сојуз на Власите, Маринела Маричиќ-Тушева од СДСМ, како и Димо Димчев од Унијата за култура на Власите.

Невладината организација „Цивил“ ќе отвори уметничка работилница и колонија.

Од 19 до 20 часот, новинарот Борјан Јовановски ќе води дискусија со протест-камперите во рамките на дебатната емисија на „Нова ТВ“, „Нова дебата“.

По 20.30 ќе настапува диџеј Цена.