Свет Балкан Од утре припадници на АРМ ќе бидат распоредени во командата на КФОР...

Од утре припадници на АРМ ќе бидат распоредени во командата на КФОР на Косово

Фото: Борче Поповски

Контингент од 44 припадници на АРМ, штабни офицери и вод за обезбедување, ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата КФОР на Косово и во командата „Запад“, соопшти Генералштабот на Армијата. Контингентот утре ќе биде свечено испратен од касарната „Илинден“ во Скопје, со церемонија на која ќе присуствува државниот и воениот врв.

– Армијата на Република Северна Македонија како 30та земја членка на НАТО за прв пат директно учествува во мисијата КФОР, а во досегашниот период учествуваше посредно преку обезбедување на логистичка поддршка за НАТО преку координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, кој вршеше координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот, вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување, информира Генералштабот.

Пред упатувањето во мисијата, додаде Генералштабот, припадниците на контингентот „минале низ потребниот процес на обука, подготовки и селекција каде се извежбувале и обучиле за изведување на задачи кои ги очекуваат за време на мисијата“.