Македонија Од утре повторно бесплатен јавен превоз за средношколците во Скопје

Од утре повторно бесплатен јавен превоз за средношколците во Скопје

Од утре, 1 септември повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз, информираат од Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП).

Оттаму потсетуваат дека од пред три месеца во функција се и бесплатните годишни студентски билети, а и натаму не важи одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

Бесплатниот превоз за средношколците беше укинат на 12 март годинава, како една од мерките за спречување на ширењето на корона вирусот во нашата земја, а е во согласност и со одлуката на државните власти минатата учебна година средношколците да ја завршат преку одржување на он-лајн настава.