Македонија Од утре почнува полагање на државната матура

Од утре почнува полагање на државната матура

Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат од утре до 19 јуни, а прелиминарните резултати ќе бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот тест.

Сите испити ќе почнуваат во 10 часот.

Според информацијата на Државниот испитен центар, матурантите утре ќе полагаат мајчин јазик и литература, на 15 јуни – странски јазик, на 17 јуни ќе се полага математика и на 19 јуни е тестот по хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и по естетика.