Македонија Од утре период со многу дожд

Од утре период со многу дожд

Според Управата за хидрометеоролошки работи, од утре до сабота ќе имаме период со многу дожд и во текот на денот, со голема можност за невреме со грмежи.

Утре во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. В четврток и в петок преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја.

В петок кон крајот на денот и в сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град, вели прогнозата на УХМР.