Главна секција Од утре нема да важат мерките за заштита од загадувањето што ги...

Од утре нема да важат мерките за заштита од загадувањето што ги воведе Владата

Мерките и препораките за заштита од загадувањето што ги воведе завчера Владата, од утре престануваат да важат бидејќи концентрациите на ПМ10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 200 микрограми на еден кубен метар, соопштија денеска од Владата.

Во соопштението се наведува дека прагот за алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 микрограми на еден кубен метар во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, е надминат на мерното место Струмица, за каде остануваат во сила мерките и препораките.

Се укинуваат мерките за ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма и други хронични респираторни болести, прележан миокарден инфаркт, мозочен удар и други кардиоваскуларни или онколошки болести без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, намалената употреба на службени возила, ограничувањето на градежните работи, реорганизирање на работното време на отворено, да не се организираат спортски и други културни манифестации на отворено.