Македонија Од труењето со метомил, в болница почина и 79-годишната жена

Од труењето со метомил, в болница почина и 79-годишната жена

Претходно, неколку дена по приемот в болница почина и 47-годишна жена од истото семејство, а мажот што бил примен заедно со нив, е на домашно лекување

Фото: Мета.мк

Основно јавно обвинителство-Скопје соопшти дека 15-тина дена откако поради труењето со метомил во домашната храна била примена в болница, починала 79-годишната жена од Скопје.

Претходно, неколку дена по приемот в болница почина и 47-годишна жена од истото семејство, а мажот што бил примен заедно со нив, е на домашно лекување.

„Од домот на семејството се подигнати 20-тина различни траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејствија“, соопшти ОЈО-Скопје.

Инаку, семејството се затруло со храна подготвена во нивниот дом.

Се чекаат одговори: Како се затру семејство од Скопје со забранетиот најотровен инсектицид „метомил“