Хроника Од три улици во Тетово крадел „ајфони“, камери, цигари…

Од три улици во Тетово крадел „ајфони“, камери, цигари…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.А. (23) од Тетово, за сторени пет тешки кражби и два обида за тешка кражба. Во периодот од август до октомври 2014 година, на градското подрачје на Тетово, на улиците Илинденска, ЈНА и Страшо Пинџур, пријавениот со употреба на физичка сила и погоден предмет, вршел тешки кражби во супермаркети, продавници, кафулиња и аптеки, при што одзел два „ајфони“, девет УСБ-стикови, камера, дивиди-плеер, парични средства и цигари, сè во вкупна вредност од 235.750 денари.