Македонија Од среда паркирањето во Центар поскапо за 20 денари

Од среда паркирањето во Центар поскапо за 20 денари

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ)” денеска соопшти дека од 8 јануари, среда, паркирањето за еден час ќе чини 20 денари повеќе отколку досега. Цените, пак, на месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ЈП ПОЦ остануваат исти.

„Во Општина Центар живеат повеќе од 45.000 жители кои секојдневно се соочуваат со сериозен проблем со паркирањето и поминуваат по неколку часа во нивните автомобили барајќи слободно паркинг место. Одлуката за усвојување на новиот Ценовник на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта со кои стопанисува претпријатието, донесена од Управниот одбор на ЈП Паркинзи на Општина Центар, едногласно беше изгласана од советниците на сите политички партии на последната седница на Советот на Општина Центар“, се вели во соопштението.

ПОЦ апелира до сите граѓани кои не се жители на Општина Центар да ги остават своите автомобили и да го користат повеќе градскиот и алтернативниот превоз (велосипеди, електрични тротинети итн.