Главна секција Од среда да се укине полицискиот час и да се дозволат забави...

Од среда да се укине полицискиот час и да се дозволат забави во клубови, предлага Комисијата за заразни болести

Фото: Суад Бајрами, Порталб.мк

Министерството за здравство информира дека утрово на Комисијата за заразни болести донеле неколку одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб.

„Од среда, 16 јуни, да се укине целосно полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1.000 лица. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова,“ се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Од Владата пак информираа дека Главниот координативен ковид-19 кризен штаб ги прифатил препораките и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница.