Главна секција Од работата на Владата задоволни се помалку од 50 отсто од граѓаните

Од работата на Владата задоволни се помалку од 50 отсто од граѓаните

Граѓаните се поделени за работата на владата во првата година од владеењето, 49 отсто се задоволни, додека 47,4 проценти не се задоволни од работата на владата, покажа анкетата на телевизија „Телма“ и МЦМС, за една година влада.

Според партиска припадност, 11,9 отсто од поддржувачите на СДСМ, и 38,4 отсто од поддржувачите на ДУИ не се задоволни од работата на владата во изминатата година.

Анкетата е направена на 1.052 испитаници, телефонски, во периодот од 15 до 23 мај.

Анкетираните одговарале и на прашањата дали владата на Заев ја движи земјата во позитивна или во негативна насока, кои се приоритетите на владата, а што граѓаните сакаат да работи, кои се најдобрите и најлошите министерства.

Резултатите од анкетата ќе бидат презентирани вечерва во емисијата „Топ Тема“.