Дописници Од Пробиштип за Штип преку алтернативен пат

Од Пробиштип за Штип преку алтернативен пат

Свлечиште го повлече патот Пробиштип – Штип кај селото Неокази, поради што во наредните три дена целосно ќе биде затворен за сообраќај. Од  денеска механизацијата на „Македонија пат“ го сече асфалтот во ширина од 50 сантиметри за да се направи дренажа на патот. Пробиштипјани и останатите возачи се пренасочуваат преку патот низ селото Ратевица.

Од „Македонија пат“ очекуваат работите да завршат за три дена.

Во овој регион има уште едно свлечилште на патот што води кон Злетово. Минатиот месец по поројните дождови, се свлече дел од патот и пропадна асфалтот, поради што беше затворен патот што води кон хидросистемот Злетовица. И овде се користи алтернативен пат.

По последните дождови во Источна Македонија се направија уште неколку помали свлечилишта и одрони на патот од виничкото село Истибања кон Делчево.

В.К.