Економија Од полноќ поевтинуваат сите горива во земјава

Од полноќ поевтинуваат сите горива во земјава

Фото: Мета.мк

Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ ќе поевтинат сите горива. Одлуката се оправдува со падот на цените на нафтените деривати на светските берзи.

Според денешната одлука, цените на бензините се намалуваат за 2,5 денари, па така малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 83 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 82 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1 денар за литар, и ќе изнесува 78,5 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,976 ден/кг и ќе изнесува 54,154 денари за килограм.