Економија Од полноќ литар дизел се продава за 4 денари повеќе и чини...

Од полноќ литар дизел се продава за 4 денари повеќе и чини 81 денар

Фото: Порталб.мк, Суад Бајрами

Според вчерашната одлука Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ дизелот е поскап за 4 денари, екстра-лесното масло за домаќинства за 2,5 денари, мазутот за 1,238 денари. Бензините остануваат на последната утврдена цена.

Причина за поскапувањето е порастот на цените на светските берзи на деривати, како и падот на денарот во однос на американскиот долар, велат од РКЕВУ.

Новите цени на дериватите од полноќ се:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 81 денари/литар
Екстра-лесно масло за домаќинства – 78 денари/литар
Мазут М-1 НС – 53,592 денари/килограм

Според Регулаторна, и со новата цена, дизелот кај нас е најевтин во целиот регион.

Еуродизел (ЕУР) / Eurodizel (EUR)
Северна Македонија 1,31
Косово 1,53
Србија 1,52
Бугарија 1,46
Хрватска 1,58
Босна и Херцеговина 1,39
Грција 1,99
Црна Гора 1,82

Извор: РКЕВУ