Македонија Од полноќ дизелот поевтинува за еден денар

Од полноќ дизелот поевтинува за еден денар

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95, не се менува и изнесува 77 денари за литар

Фото: Порталб.мк, Суад Бајрами

Малопродажните цени на еуродизелот како и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар за литар, одлучила Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новото намалување цената на дизел горивото ќе изнесува 72,5 денари за литар.

„Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95, не се менува и изнесува 77 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98, се намалува за 0,5денари и ќе изнесува 79 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 72 денари, а мазутот М-1 НС ќе поскапи за 0,2 денари за килограм и ќе изнесува 41,5 денари“, информира РКЕ.