Свет Балкан Од почетокот на годинава, 6.000 емигранти се вратиле на Косово

Од почетокот на годинава, 6.000 емигранти се вратиле на Косово

Од 1 јануари годинава, на Косово се вратиле повеќе од 6.000 граѓани кои емигрирале во западните земји, посебно во Германија. Ова го изјави официјално лице за миграција при МВР на Косово, Валон Красниќи, за косовскиот медиум „Косовалајв“ (Kosovalive).

Според него, за разлика од минатата година, бројот на повратници е зголемен.

Во априлскиот извештај на УНДП, се наведува дека 47 проценти од семејствата на Косово се изјасниле дека имаат членови надвор од државата.

Кон крајот на минатата и почетокот на оваа година, илјада косовски државјани по илегален пат заминале во земјите на ЕУ, главно во Германија, барајќи подобар живот.