Македонија Од МВР не ја коментираат изјавата на Попоски за оградата

Од МВР не ја коментираат изјавата на Попоски за оградата

Од МВР не сакаат да ја коментираат изјавата на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, околу можноста за подигнување ограда на јужната граница, по примерот на Унгарија, ниту, пак, даваат одговор на прашањето дали ваква опција била разгледувана меѓу институциите надлежни за справување со бегалската криза.

Помошникот-министер за односи со јавноста, Иво Котевски, за „Мета“ вели дека на состаноците на министерско ниво, кои се одржуваат еднаш неделно, се „разгледуваат бројни варијанти“ во насока на одговор и справување со предизвиците од кризата, но не прецизира дали на некој од нив станало збор и за оваа мерка.