Хроника Од куќа украдени 5.500 евра и женски часовници

Од куќа украдени 5.500 евра и женски часовници

Во саботата на улицата 8 во населбата Илинден, непознат сторител, со употреба на погоден предмет, насилно ја отворил балконската врата од куќата сопственост на Д.С. (41) и извршил тешка кражба, при што одзел златен накит, 5.500 евра и два женски рачни часовници, по што го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 550.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.