Хроника Од куќа на скопјанец украдено злато, оружје и техничка стока

Од куќа на скопјанец украдено злато, оружје и техничка стока

Непознат сторител деновиве провалил во куќа на скопјанец и украл златен накит, оружје, муниција и техничка стока, иноформираат од полицијата.

Кражбата се случила во периодот меѓу 9 и 12 јануари на улицата 12 Македонска бригада, во куќа сопственост на А.Б. (35). Крадецот со погоден предмет успеал да провали во куќата, од каде одзл разновиден златен накит, пиштол „чешка зброевка“, калибар 9 милиметри, што сопственикот го поседувал со дозвола, 200 куршуми, рамка од пиштол „глок“ со 17 куршуми и техничка стока. Вкупната вредност на пленот што го однел крадецот била проценета на околу 300.000 денари.