Хроника Од куќа на кумановец украдени пари и накит во вредност од 1,9...

Од куќа на кумановец украдени пари и накит во вредност од 1,9 милиони денари

Непознат сторител од куќа на 33-годишен кумановец украл девизи и златен накит, чија вкупна вредност била проценета на околу 1,9 милиони денари, односно околу 31.000 евра.

Според полициските информации, кражбата се случила во периодот меѓу 25 јуни и 11 јули.

Крадецот во објектот провалил насила, со помош на погоден алат и одзел 20.000 евра и разновиден златен накит.

Од полицијата засега немаат осомничен за тешката кражба.