Култура Од денеска до 20 декември се одржува „Недела на ромска култура –...

Од денеска до 20 декември се одржува „Недела на ромска култура – Рома-фест 2014“

Петиот фестивал „Недела на ромска култура – Рома-фест 2014“, во организација Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност „Рома ило“, почнува денеска и ќе трае до 20 овој месец. Фестивалот е со поддршка од Министерството за култура и од Градот Скопје.

Целта е да се афирмира и популаризира ромската култура и идентитет, прзентирајќи ја ромската носија, музика и фолклор, литаратура и обичаи преку песна, фотографија и материјална култура.