Хроника Од бензинска во Козле украдени 80.000 денари

Од бензинска во Козле украдени 80.000 денари

Синоќа, околу 2 часот по полноќ, била ограбена бензинската пумпа „Макпетрол“ во населбата Козле.

Непознат маж, заканувајќи се со пиштол, од вработените одзел околу 80.000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.