Хроника Од автомобил во Кичевско украдени пари, накит и пасоши

Од автомобил во Кичевско украдени пари, накит и пасоши

Непознато лице украло 9.450 евра, 4.720 долари, накит, американски и македонски пасоши од џип „чироки“ со американски таблички во кичевското селото Колибари.

Оштетениот, 34-годишниот А.Б. од село Колибари, вчера во 2 часот по полноќ телефонски пријавил во полициската станица во Кичево дека во четвртокот, околу 21.30 часот, му е ограбено возилото од кое е земена женска чанта во која имало 9.450 евра, 4.720 американски долари, накит, три патни исправи издадени од САД на име на пријавувачот, неговата сопруга и на нивниот син и две патни исправи издадени од Република Македонија на име на пријавувачот и на неговата сопруга.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.