Дописници Од 1 февруари почнува зонското паркирање во Б-зоната во Тетово

Од 1 февруари почнува зонското паркирање во Б-зоната во Тетово

Од понеделник, 1 февруари, Јавното претпријатие кое управува со јавните паркиралишта во општина Тетово, ќе почне со спроведување на зонското паркирање, односно со наплата во зона Б. Оваа зона ги опфаќа споредните улици на градот –  Јане Сандански, Методија Андонов Ченто, Дервиш Цара, Мехмет Паша Дерала и улицата Димо Гавровски Кара.

Максималното предвидено време за паркирање во оваа зона е шест часа и ќе чини 20 денари за еден час.

За неплаќање и за надминување на времетраењето предвидено за паркирање, следува блокирање на возилото од службата за блокатори и за интервенција.