Македонија Од 1.772 тестирања, регистрирани 145 нови случаи на ковид-19

Од 1.772 тестирања, регистрирани 145 нови случаи на ковид-19

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.772 тестирања, а регистрирани се 145 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациенти. Во болнички услови починати се двајца пациенти од Дебар (67г) и Струга (48г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.600, бројката на оздравени пациенти е 11.741, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.253.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 45, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, четири позитивни се деца, три мајки и четири деца сомнителни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири нови, вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респираторна машина е еден пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 110, позитивни и сомнителни на ковид-19.