Македонија Обвинувањата на Ременски се обична клевета и манипулации

Обвинувањата на Ременски се обична клевета и манипулации

„Фросина Ташевска-Ременски од самиот почеток на добивањето на функцијата технички министер за труд и социјална политика, не ја крие добиената задача, а тоа блокирање на проектите во интерес на граѓаните и измислување и фабрикување афери. Нејзините обвинувања без поткрепа се обична клевета и манипулација“, реагираат од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за труд и социјала.

„Ременски направи застој во решавањето на 230 предмети, кои не ги реши во законскиот рок. Невидено лицемерство и понижување на граѓаните е да обвинува за тоа што самата го прави, а тоа е нерешавање на предметите. Криејќи се зад бесмислени соопштенија, јавноста сè уште чека одговор од техничката министерка зошто свесено дозволи претседателката на комисијата за труд и социјална политика при СДСМ, Мила Царовска, да се претставува лажно како државен службеник и службено лице во министерството“, пишува во реакцијата од кабинетот на Спасов.

Во реакцијата се вели дека со поднесување на пријавата, Ременски врши уште едно кривично дело –  лажно пријавување.

„Техничката министерка ја докажа својата неспособност и единствено нешто што ѝ преостана е фабрикување афери и извршување партиски наредби за поднесување неосновани пријави“, стои во реакцијата.