Македонија Обвинителството работи на расветлување на авионската несреќа

Обвинителството работи на расветлување на авионската несреќа

Јавното обвинителство презема дејства за расветлување на авионската несреќа што попладнево се случи во близина на Скопје.

„По добиените сознанија, обвинителството во координација со надлежните институции презема мерки за утврдување на местото на несреќата, негово обезбедување и за понатамошно постапување. Истовремено се прибираат податоци и релевантни факти во насока на утврдување на причините за несреќата. Со подетални информации јавноста ќе биде дополнително запознаена“, стои во соопштението од обвинителството.