Хроника Обвинителството покрена истрага за сообраќајката кај Католичка црква

Обвинителството покрена истрага за сообраќајката кај Католичка црква

Во надлежното јавно обвинителство во Скопје пристигнала кривичната пријава, поднесена од МВР, за сообраќајната несреќа во која загина малолетник, на раскрсницата од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и 9 Мај, во близина на Католичката црква, информираат од јавното обвинителство.

За несреќата е осомничено 20-годишното момче што управуваше со џипот, марка „фолксваген туарег“.

– Надлежниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истрага против едно лице за сторено кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот – соопштуваат од обвинителството.

Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува со активности за прибирање докази и за утврдување на причините за несреќата.