Свет Европа ОБСЕ: Примирјето не се почитува во Дебалцево и во Луганск

ОБСЕ: Примирјето не се почитува во Дебалцево и во Луганск

Прекинот на огнот на истокот на Украина, кој почна на полноќ, се почитува, освен во Дебалцево и во Луганск, каде сè уште има судири, соопшти шефот на мисијата на ОБСЕ, Ертугрул Апакан.

Апакан посочи дека проруските сили не им дозволиле на набљудувачите на ОБСЕ да стигнат до опколениот град Дебалцево. Тие истакнале дека примирјето не се однесува на Дебалцево, најголемо упориште на бунтовниците.