Македонија ОБСЕ: Да се спречат интернет-нападите врз новинарките

ОБСЕ: Да се спречат интернет-нападите врз новинарките

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, истакна дека е потребна итна акција за спротиставување на сè почестите интернет-напади врз жените-новинари.

Истражувањата за вознемирување и за насилство врз новинарки укажуваат дека повеќе од 25 отсто такви појави се случуваат на интернет.

Утврдено е и дека жените-новинарки речиси трипати почесто се изложени на навредливи коментари на социјалната мрежа „Твитер“, отколку нивните машки колеги, се наведува во соопштението на ОБСЕ.