Економија Обновата на Еквадор ќе чини една милијарда долари

Обновата на Еквадор ќе чини една милијарда долари

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, изјави дека обновата на земјата по катастрофалниот земјотрес, најверојатно ќе чини една милијарда долари.

– Обновата на градовите уништени во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, ќе траe со месеци и со години и најверојатно ќе чини една милијарда долари – изјави Кореа.

Бројката на загинати достигна 413 лица, а повредени се 2.000 луѓе. Спасувачите сè уште трагаат по преживеани под урнатините.