Македонија Облачноста ќе се намалува, дождот ќе престане

Облачноста ќе се намалува, дождот ќе престане

Времето денеска ќе биде претежно облачно, а во западните и во југоисточните делови ќе има локален слаб дожд. Во Маврово врне слаб снег. Дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Утринските температури се движат од -1 до 8 степени Целзиусови.

Во текот на денот, времето ќе биде претежно облачно, претпладне и околу пладне со слаб локален дожд, а на планините слаб снег. Доцна попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 Целзиусови степени.