Македонија Облачно време со умерен јужен ветер

Облачно време со умерен јужен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 18 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 25 Целзиусови степени.

Продолжува периодот на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. За време на викендот ќе преовладува сончево време, но температурите постепено ќе опаѓаат.