Македонија Облачно време со слаби локални врнежи од дожд

Облачно време со слаби локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне, ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од пет до 10 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до девет Целзиусови степени.

Во следните два дена ќе се задржи претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег.