Македонија Облачно време со повремени врнежи од дожд

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои претпладне ќе бидат застапени во западните делови, меѓутоа до крајот на денот ќе се прошират насекаде.

На планините и на некои повисоки места до вечер врнежите ќе поминуваат во снег. Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 Целзиусови степени, а дневната од 6 до 15 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со утринска температура до 5 Целзиусови степени и дневна до 11 степени.