Македонија Облачно време со повремени врнежи и температура до 16 степени

Облачно време со повремени врнежи и температура до 16 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната температура од три до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до четири, а дневната температура до 12 Целзиусови степени.

Од четврток ќе има позначителен пораст на дневната температура, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.