Македонија Облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд и од снег во западните и на планинските предели на земјата. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој ќе достигне брзина и повеќе од 70 километри на час.

Минималната температура ќе се движи од минус 3 до 4 Целзиусови степени, а макссималната од 8 до 14 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, проследено со умерен до засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 13 Целзиусови степени.