Македонија Облачно време со магла по котлините и на планините снег

Облачно време со магла по котлините и на планините снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со подолги сончеви периоди и со магла по одделни котлини.

Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите делови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе се движи од минус 8 до 10 Целзиусови степени. Во Скопје од минус 8 до 5 Целзиусови степени.

 Утринава најстудено е во Петровец кај Скопје каде во 07:30 часот се измерени минус 10 Целзиусови степени, а најтопло во Дојран каде температурата е два Целзиусови степена.