Македонија Облачно со врнежи од дожд, а на планините – снег

Облачно со врнежи од дожд, а на планините – снег

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места, поради спуштање на постуден воздух, врнежите ќе бидат од снег, особено во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната дневна температура ќе се се движи во интервал од 2 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, облачно со врнежи од дожд и со слаб ветер од северeн правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне 5 Целзиусови степени.