Македонија Облачно со слаба магла

Облачно со слаба магла

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, a по котлините ќе има појава на слаба магла, особено претпладне. Ќе дува слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 6 до 12 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде облачно, со слаба магла, а околу пладне се очекува облачноста и маглата да се намалат. Утринската температура ќе се спушти до 4 степени, а дневната ќе достигне 8 Целзиусови степени.