Македонија Облачно со повремен дожд и со температура до 13 Целзиусови степени

Облачно со повремен дожд и со температура до 13 Целзиусови степени

Во Македонија времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, особено во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите да се намалуваат.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 10 Целзиусвои степени, додека дневната ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневната температура се очекува да достигне до максимални 10 Целзиусови степени. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.