Македонија Облачно со обилни врнежи од дожд и температура до 15 степени

Облачно со обилни врнежи од дожд и температура до 15 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во јужните и централните делови од земјата. Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи.

Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје денеска облачно со врнежи од дожд и максимална температура до 12 Целзиусови степени.

Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 40 литри на метар квадратен. Најобилни врнежи ќе има во јужните и во западните делови од земјата, каде на места се очекува врнежите да надминат 70 литри на метар квадратен.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), влажниот бран што ја зафати Македонија се очекува да предизвика зголемување на водостоите на реките, кои сè уште се под просекот за ноември. Зголемување на водостојот се очекува на сите водотеци низ земјава, особено кај помалите каде се можни локални излевања.