Македонија Облачно и врнежливо време

Облачно и врнежливо време

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремен дожд, особено во претпладневните часови. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, додека во западните делови повремено засилен западен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 7 до 13 Целзиусови степени, а максималната од 15 до 22 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, но врнежите се очекува да престанат во попладневните часови.

Температурата ќе се движи од 11 до 18 Целзиусови степени.

Во следните два дена се очекува намалување на облачноста, стабилизирање на временските услови, со сончеви периоди, но и пониска утринска температура.