Македонија Облачно и врнежливо време

Облачно и врнежливо време

Времето претпладне ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со повремен дожд, особено во јужните и во западните делови од земјата. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер, претежно од јужен правец.

Температурата ќе биде во интервал од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време, претпладне со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има услови за слаб повремен дожд. Температурата ќе се искачи до 14 Целзиусови степени.